Турција реагираше на писмото на шефот на Пентагон

Турското министерство за одбрана се огласи во саботата во врска со најавите за американскиот план да ја исклучи Турција од програмата за градење на борбените авиони од типот „F-35“ поради одлуката на Анкара да ги набави напредните противбалистички одбранбени руски системи „С-400“.

Во писмото на привремениот американски министер за одбрана Патрик Шанахан до неговиот турски колега по должност Халусу Акар испретени во четвртокот а за кое медиумите дознаа во петокот, се предупредува дека Турција ќе остане без можност да ги набави современите борбени авиони „F-35“ доколку на крајот од јули не се откаже од веќе потпишаниот договор за купување на рускиот ракетен систем за противвоздушна одбрана „С-400’.

Министерството за одбрана во Анката потврди во саботата дека го примило писмото и соопшти дека во него станува збор за „одбранбени и безбедносни прашања меѓу двете земји“. Како што се наведува уште во соопштението, „писмото изразува очекување дека ќе биде пронајдено решение за постојните проблеми во рамките на стратешкото партерство и одразувањето на сеопфатната безбедносна соработка и се исткнува важноста на разговорите“. Притоа програмата „F-35“ не се спомеува.

Агенцијата Reuters објави во петокот дека имала увид во писмото на Шанахан со кои се потврдуваат претходните неофицјални најави дека Турција ќе се соочи со ораничување во пристапот на американската воена технологија, доколку се реши да ги игнорира предупредувањата како членка на НАТО не би требало да набавува руска воен технологија. мерикансата процена е дека купувањето на системот С-400 претставува закана за нивните борбени авиони „ F-35“, па Вашингтон на Анкара ѝ дал до знаење дека не може да ги има и двете. Писмото од челникот на Пентагон изрично наведува дека „нема да има нови обуки на пилотите“ за управување со авионите „F-35“, а таа одлука би требало да стапи на сила на крајот од јули. Според делови од писмото, годинава била планирана обука на овие летала на 34 турски пилоти.

Во јуни минатата 2018 година американскиот Сенат ја усвои својата верзија од нацрт-буџетот за 2019 година. Таа предвидува запирање на учеството на Турција во производствената програма на петтата генерација американски борбени авиони од моделот„F-35“, поради нејзините намери да набави руски противвоздушни ракетни системи од типот „С-400“. Турција во споменатиот проект учествува задно со уште осум земји. Нејзиниот удел во развојот требаше да изнесува околу 11 милијарди долари. Од оваа сума Анкара во проектот веќе вложи околу 800 милиони долари, а во замена за тоа САД требаше да ѝ испорачат сто авиони.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во вторникот повтори дека не доаѓа предвид неговата земја да се повлече од договорот со Русија за купување на одбранбените ракетни системи С-400. Ердоган изјави дека американската понуда за продажба на системите „Patriot“ е задоцнета и не е доволно добра како руската понуда.

„Има одреден чекор кој го направивме, тука постои договори и ние сме доследни на него. Не доаѓа предвид да направиме чекор наназад“, рече Ердоган во врска со договорот со Русија. „За жал, американската страна не ни даде доволно добра понуда како што е онаа за С-400“, заклучи Ердоган.