Турција стана втор најголем европски увозник на течен гас

Турција во 2018 година станала вториот најголем течен природен гас (LNG) во Европа зад Шпанија, со 18,6 милијарди кубни метри увезени количества, се наведува во извештајот на Меѓународната група увозници на LNG.

Оваа бројки покажува дека увозот на LNG во Турција во однос на претходната 2017 година лани се зголемил за 13,2 отсто, што е значително поголема стапка на растот во однос на европската, којашто се проценува на 6,4 отсто.

Алжир, Нигерија, Ангола, Норвешка и Египет се главните снабдувачи со LNG за Турција.

Освен увозот на LNG Турција минатата година увезла и 50,3 милијарди кубни метри природен гас, при што поголемото количесгво од тоа биле наменети за домашната потрошувачка, а помал дел за повторен извоз.

Според податоците на труската регулаторна агенција за енергетски пазар, потрошувачката на природен гас во минатата 2018 година во земјата достигнала 48,9 милијарди кубни метри гас.