Турција заплени повеќе од еден тон хероин од брод

Турската полиција и крајбрежната стража запленија повеќе од еден тон хероин и уапсија девет членови од екипажот во текот на рација на бродот кој пловел под знамето Конго во меѓународните води, јави турската новинска агенција Анадолија.

Според наводите на агенцијата Анадолија, тоа е една од најголемите заплени на хероин која ја спроведоа турските власти во изминатите неколку години.

Турските сили го запреа бродот „Командер тајџ“ во Средоземното Море на 2 јуни по дојавата дека превезува дрога наменета за Турција. Хероинот е пронајден во скриените делови на бродот, а девет членови на екипажот се уапсени.