Турчинот Чакир ќе ја дели правдата на мечот Хрватска- Англија

Турскиот судија Џунејт Чакир ќе ја дели правдата на полуфиналниот натпревар меѓу Хрватска и Англија во среда, објави ФИФА.

За 41 годишниот Турчин тоа ќе биде трет натпревар на Мундијалот, откако досега ги судеше во групната фаза дуелите меѓу Мароко-Иран и Нигерија-Аргентина.

Чакир и пред четири години на Светското првенство во Бразил судеше во полуфиналето, на мечот меѓу Холандија и Аргентина.
Натпреварот се игра на „Лужники“ во Москва во 20 часот.

Главен судија на првото полуфинале меѓу Франција и Белгија ќе биде Уругваецот Андрес Куња, кој исто така судеше на два натпревари во групната фаза, меѓу Франција и Австралија, како и Шпанија-Иран.

Куња стана првиот судија кој досудил пенал по асистенција на ВАР технологијата, кога досуди најстрога казна за Французите.

Натпреварот се игра утре во 20 часот на арената „Санкт Петерсбург“ во Санкт Петерсбург.