Турците гласаат на локални избори

Повеќе од 57 милиони луѓе во неделата гласаат на локалните избори во Турција на околу 200.000 избирачки места во 922 окрузи.

Изборите се одржуваат за 1.389 градоначалници и илјадници општински совети и други локални функционери. Некои анкети покажуваат дека владејачката партија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган би можела да биде поразена во главниот град Анкара и во другите големи градови.

Ердоган и неговата Партија за правда и развој (AKP) кои победија на сите избори откако партијата дојде на власт во 2002 година, се соочуваат со зголемена опозиција со економијата на земјата во рецесија, невработеност и зголемената инфлација. Ердоган има кампања низ цела Турција во последниве денови, иако тој не е на самиот гласачки лист. Во Анкара, според неколку анкети, опозицискиот кандидат за градоначалник Мансур Јавас е во водство, а Ердоган постојано го напаѓа во неговите говори, обвинувајќи го за фалсификат и даночно затајување.

Партија на правдата и развојот на Ердоган заедно со Националистичкото движење и Партијата на големото единство се обединети во коалицијата Народна алијанса.

Партијата на правдата и развојот има свој кандидати во 27 градови, националистите во три, а како коалиција во 21 град. Главната опозиција е претставена од коалицијата Национална алијанса, која е составена од секуларната Републиканска народна партија и националистичката Добра партија.