Турците заинтересирани за организирани тури во Македонија

турците

Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот која го организираше учеството, на саемот од 8 до 11 декември учествуваа преку 1.000 излагачи, а заинтересираноста за организирани тури во Македонија и Балканот беше огромна.

Претставници на Агенцијата остварија бројни состаноци со турски тур-оператори меѓу кои и Pronto Tour, Ecc tour, Fides travel, Enka Tatil, Ephesus travel, Italtur, Мika tur, Сakra tur, Travel to business (MICE agency), Ѕuveys tur,…

Штандот на Македонија на кој ко-егзибитори беа Балканс тајм, Бадем тур, Ибегалис и Буши респрт&спа, го посетија турскиот министер за култура и туризам, Наби Авци и градоначалникот на Измир, Азиз Коцаоглу.

Саем Измир

Според Агенцијата, турските туристи се главно повозрасни (40-65 години) и се заинтересирани за групно патување, додека помладите сакаат патувањето да им трае подолго и да го организираат по сопствена желба. Кога се во посета на Македонија и Балканот, Турците се заинтересирани за историја, култура и храна кои доаѓаат како резултат на блиската историја на овие две земји и желбата на Турците да ја истражат истата.

Поради фактот дека 2016 година е една од најслабите за Турција во поглед на туризмот со регистриран огромен пад во бројот на туристи, очекувањата на турските тур-оператори за 2017 година се насочени кон стабилизација, па и раст во бројот на туристи како и на интересот за патување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.