ВИДЕО: Го турираше Ламборџинито додека не го запали

Го турираше Ламборџинито додека не го запали. Сопственикот на Ламборџини од Дубаи бил толку многу воодушевен од звукот на моторот на неговиот автомобил што продолжил да го турира и кога се појавил првиот пламен во задниот дел на неговиот автомобил, а возачите од другите автомобили почнале да свират за да го предупредат на пожарот.

На улиците низ Дубаи владее голема конкуренција кога станува збор за престижните супер-спортски автомобили.

Иако Ламборџини Авентадор Роадстер LP420-4 „50 Аниверсарио“ многу редок автомобил (произведен во само 100  примероци), возачот сакал да обрне дополнително внимание врз него.

Тој претерал во овие обиди, па нажалост автомобилот изгоре во целост пред да стигнат противпожарните служби. Погледнете го видеото:

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.