Турист со автомобил урнал моаи скулптура на Велигденскиот остров

55

Градоначалникот на главниот град на Велигденскиот остров, Ханга Рое, побарал воведување построги прописи и ограничувања во возењето, откако маж со автомобил удрил и потполно уништил света камена скулптура.

Градоначалникот Педро Едмундос Паоа за локалните медиуми рекол дека инцидентот ѝ нанел непоправлива штета на статуата. Минатата седмица е упасен Чилеанец кој живее на островот. Обвинет е за оштетување на национален споменик. Истовремено го уништил и постаментот на кој стоела статуата.

Камените моаи скулптури се дело на древниот домароден народ Рапа Нуи. На Велигденскиот остров ги има околу илјада. Секој месец островот е посетен токму поради нив од околу 12.000 туристи.

„Сите се против сообраќајот на овие свети места, а ние, како претставници на локалните власти, знаевме каква опасност со себе носи и зголемениот број туристи и жители. Едноставно не сакаа да нѐ послушаат и ова е директна последица“, изјавил Паоа за весникот El Mercurio.

Претставници на локалната домародна заедница Ма’у Хени на Facebook објавија дека е извонредно важно да се зачува културното наследство на островот.

„Тука не станува збор само за археолошки наоѓалишта, туку и за свети елементи на културата која е жива. Моаи ја претставуваат основната визија на светот каква што ја имал народот Рапа Нуи“, пишува во објавата.

Народот Рапа Нуи верува дека секоја статуа прествува инкарнација на жива личност. Една статиа, Хоа Хаканана’и, се чува во Британскиот музеј во Лондон. Во 1860 година на британската кралица Викторја ѝ ја подарил капетан на британската морнарица.

Владата на Чиле пред две години официјално побара статутата да биде вратена на Велигденскиот остров. Агенцијата УНЕСКО моаи скулптурите ги прогласи за светско културно богатство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.