Туристи од Македонија една од причините за жариште во Врање, посочуваат Србите

Дека Врање е новото жариште на коронавирус денеска потврди и професор д-р Бранислав Тиодоровиќ, член на кризниот штаб на Србија кој предупреди дека доколку бројката продолжи да расте, во овој град но и останати им за заканува целосно затворање на рестораните и кафичите.

Иако угостителските објекти не се главната причина за жариштето, според епидемиолозите постојат уште две причини: еден е доаѓањето на туристи од Македонија на шопинг и провод во овој дел од Србија, но и последиците од новиот британски сој на коронавирус.

Д-р Тиодоровиќ во гостување на емисијата „Београдска хроника“ рече дека можно е една од причините да биде тоа што државјани на Северна Македонија масовно доаѓаат на шопинг во Врање.

Д-р Тиодоровиќ на овој факт гледа како на позитивен чекор за трговците и угостителите, но предупредува дека мерките мора да се почитуваат и се исти за сите – затоа странците не се исклучени во никој случај.

Познато е дека Македонците со години се најверни посетители на градот Врање, а тоа беше прво поради ефтината храна и гориво, а денес, како што тврдат, заради ресторанот и пријатната атмосфера на Врање, па затоа не е изненадувачки што македонскиот е втор службен јазик во Врање.

Што се однесува до другата причина за зголемувањето на бројот на заразени – британскиот вид на коронавирус, д-р Предаг Кон денес зборуваше за тоа. Тој денеска на прес-конференција на Кризниот штаб за борба против ковид рече дека „вирусот сигурно е поприсутен отколку што мислиме дека е“.

„Знаеме дека овој британски вид е присутен, но не можеме да знаеме во кој процент. Она што се случува во Врање веројатно значи дека е поприсутно отколку што е откриено. Не сме во состојба да правиме секвенционирање повеќе од што правиме“, рече д-р Кон на денешната прес-конференција на Кризниот штаб за борба против вирусот корона.

Врање веќе со недели има константен број на новозаразени, со недели е на второ место по милионскиот Белград. Само вчера во Врање се регистрирани 127 новозаразени, што е многу висок број доколку се земе во предвид големината на овој град.