Туристичките објекти во Словенија ќе се отвораат по 15 мај

И покрај некои најави во Словенија се уште не се отворени помалите хотели и туристички објекти, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според последните информации тоа може да се случи до крајот на неделата, односно на 15 мај. Прво би се отвориле малите хотели, со капацитет до 30 гости.

Дополнително, се уште, се прават планови кога и на кој начин да бидат отворени авто-камповите. Потребата да се донесе оваа одлука се зголеми откако изминатиот викенд голем број Словенци со приколки дојдоа околу крајбрежните градови.

Според информациите на локалните власти во Изола, само во нивната општина бројот на вакви возила бил над 300, а голем дел од нив биле паркирани надвор од дозволените и означени места, па морале да реагираат и комуналните редари.

Туризмот во Словенија е една од најпогодените гранки поради пандемијата на коронавирусот, па Владата ги повика граѓаните ова лето, одморите да ги поминат во земјата. а