Туристичките потенцијали на Македонија претставени на нордискиот саем за туризам во Финска

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во континуитет го претставува туристичкиот потенцијал на Македонија на најголемиот нордиски саем за туризам „Matka” кој се одржа во Хелскинки, Финска од 16 до 19 јануари.

„По бројот на промотивни материјали што беше поделен на македонскиот штанд, може да се пофалиме дека интересот е зголемен. На состанокот со локалниот тур оператор кој оперира со чартери во соседните земји и кој веќе ја има Македонија во своите пакет аранжмани со комерцијалните летови уште од 2007 година “Naantalin Matkakaupa” им беа претставени бенефициите кои им ги нудиме како држава и беше разговарано за можноста за поставување чартер летови. Исто така беше разговарано и со други големи и важни тур оператори како Аполо, Компас Скандинавија, Ауринкоматкат и изненадувачки беше тоа што ни испратија пофалби и не охрабрија дека со тоа што вложуваме во маркетинг, со настап на повеќе саеми со добро подготвен промотивен материјал така и со рекламните спотови на телевизија сме успеале да допреме до многу поголем број на туристи што резултира со изразено поголем интерест за Македонија во новите компании” вели претставникот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Никола Костадинов.

Саемот во Хелсинки, Финска е третиот по ред интернацонален саем за туризам од предвидените 16 за оваа година на кои Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот ќе ги претстави туристичките потенцијали на Македонија.