Туристичките работници очекува заживување на секторот догодина

Туристичката асоцијација очекува туризмот да заживее од следната година со оглед дека оваа туристичка сеозна беше тешка, особено без странските туристи.

Побараа државата повеќе да работи на промоција на туризмот.

„Здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата од која најголеми негативни последици претрпе туризмот, ја покажа важната улога која ја има туристичкиот сектор во целокупната економија на државата, но и во животот на граѓаните“, истакна министерот за економија Крешник Бектеши на своето обраќање пред туристичкиот сектор на Конференцијата по повод Светскиот ден на туризмот.

На Конференцијата за туризам со наслов „Извозна стратегија за поголема додадена вредност на туризмот како предизвик на новото време“ претставници од туристичкиото стопанство, универзитетите и надлежните институции дебатираа за тоа како ќе функционира туризмот и угостителството во Северна Македонија во 2020 година, кои се последиците од КОВИД-19, како и за реформите во туризмот како предуслов за одржлив развој и поголема додадена вредност на секторот како извозна стопанска гранка, предизвикана од глобалната пандемија.

„Во последниве години Македонија покажа многу добри резултати во делот на туризмот, проекциите беа дека 2020 ќе го достигнеме врвот во бројот на туристи и остварени ноќевања но исто така и во инвестиции и вработувања во туризмот, но кризата со Пандемијата придонесе да ова година не се постигнат посакуваните резултати, но не здружи уште повеке во изнаоѓање на најдобриот и најефикасниот пат за заедно да ја пребродиме оваа криза со што е можно помалку последици“, кажа министерот и потенцираше дека токму во овој момент е важно да се донесат правилни одлуки.

„Во светски рамки се зборува за поддршка на туризмот или рестарт на туристичката индустрија. Во светски рамки бројот на меѓународните туристи падна за 93% во јуни, во споредба со 2019 година, а според новото издание на Светскиот барометар за туризам пристигнувањата на меѓународните туристи се намалиле за 65% во текот на првата половина од годината. Ова претставува невидено намалување, бидејќи земјите ширум светот ги затворија своите граници и воведоа ограничувања за патувања како одговор на пандемијата. Последиците ги почустувавме и ние, токму тргнувајки од овие показатели како Влада меѓу првите мерки кои се донесоа, приоритет имаше туристичката индустрија заедно со секторот угостителство и транспорт“ кажа Бектеши.