Туристичките водичи имаат неколку барања до Владата за помош во коронакризата

На денот кога ширум светот се слави светскиот ден на туристички водичи 21-ви февруари, македонските туристичко водичи и придружници протестираа против односот на Владата кон нив и побараа да бидат вклучени во петтиот пакет економски мерки за помош на девастираниот туристички сектор.

„Туристичките водичи се културни амбасадори на својата земја и со својата работа допринесуваат во развивањето на туризмот во својата држава и пошироко во регионот.Заради специфичноста и репрезентативноста на својата дејност ние сме од јавен интерес за државата.Но, за жал наместо на овој убав ден сите ние да сме горди на својата професија ние повторно сме заборавени од владата“, се вели во ракцијата.

Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници јавно упатува неколку барања до владата за подобрување на статусот на водичите.

Тие прашуваат зошто и според кои критериуми туристичките водичи се изземени од петтиот пакет на економски мерки, имајќи предвид дека се наоѓаат во тешка состојба поради пандемијата, а беа вклучени во предходниот пакет на мерки. Покрај тоа, бараат од ресерното министерство и владата да одговорат на нивните барања за решавање на нашиот статус, носење јасни протоколи за нивната дејност, а исто така да бидат внесеи меѓу приоритетни категории за вакцинација против коронавирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.