Туризам, догодина здравје!

Туризмот како наука е посебен феномен, која спаѓа во редот на општествените науки, во неговиот развој влијаат многу фактори, економски, социјални, политички, демографски, климатски, безбедносни, здравствени итн. По своите карактеристики туризмот претставува низа на психолошки, социјални, културни, географски, технички и др. елементи, кои оној кој работи и посебно го развива туризмот мора да ги познава и применува. Туризмот е една од дејностите со најинтензивен труд, така што има потецијал да придонесе за создавање работни места и непосреден економски развој за една држава. Тој со своето мултипликативно влијание во процесот на стопанисување, на посреден или непосреден начин, потикнува и вклучува повеќе гранки и дејности како трговијата, сообраќајот, земјоделството, градежништвото, занаетчиството, здравството и голем број на  други  услужни дејности.

Во 2008 година светот беше пред голем предизвик, глобалната рецесија, период во кој немаше држава или економски сектор кој не беше погоден од кризата. И туризмот во Македонија беше на голем удар, кој и онака беше само во зародиш на пораст. Но тогаш како влада и како држава не превземавме мерки налик на денешните, туку напротив седнавме, засукавме ракавите и заедно со стопанството донесовме низа мерки кои подоцна се покажаа како успешни издржани. Веднаш го намаливме ДДВ за хотелските услуги од 18 на 5 проценти. Интензивно работевме на донесување на првата Национална стратегија за развој на туризмот и тоа во такви кризни услови, која подоцна беше основна водилка за развојот на туризмот во државата. Донесовме и програма за субвенционирање на странскиот организиран туристички промет, субвенционирање на никсобуџетната компанија Визаир, вложивме напори во зголемена туристичка промоција и низа на маркетинг микс алатки, кои македонскиот туристички производ го направија конкурентен и подобрен на светскиот пазар, за разлика од денешните сет мерки на давање/недавање помош на стопанството. Подоцна овие мерки беа многу критикувани од страна на денешните челници во оваа влада, посебно двете мерки за субвенционирање кои беа најавени дека веднаш ќе бидат укинати, но еве и до ден денешен не само што не се укинати, туку напротив први се сликаа со секој пристигнат чартер авион на двата аеродроми и се колнат во истите.

И денеска туризмот  е соочен со голем предизвик не само на локално ниво туку и на глобално ниво. Во светски рамки туризмот брои невидени загуби, а домашниот туризам  е сведен на тежок минус. Сето она што се градеше во изминатите 20 години и повеќе, се уништи за една година. Во нашата држава нема никаков предизвик за соочување со последиците од туризмот и економијата.  Од страна на владата е превземен сет на мерки за финансиска помош која касни веќе со месеци, како и неатрактивни мерки од типот на доделување на ваучери на социјално ранливите категории, со само 66 проценти искористени, од кои повеќето беа препродавани од страна на тие што ги добија, или откупувани од  самите сопственици на хотели и др. сместувачки капацитети заради спас на сезоната. За друга мерка воопшто и не знаеме, ниту пак се направи некоја агресивна маркетиншка кампања, со која ќе ги потсетивме нашите традиционални партери и туристи од регионот да дојдат повторно во Македонија. Но тоа е политика на неизаинтересираност, немањето визија за туризмот во иднината, ниту во денешните здравствени и безбедностни услови на туризмот, отсуството на основно познавање на туризмот.

Светот и државите кои го имаат туризмот во своите визии и економии, веќе наголемо се спремаат за отварање на своите граници и бариери, се повеќе преку вакцинација на своето население, воведување на посебни протоколи за безбеден и сигурен туризам, па дури и до таму да Европската Унија воведува и посебен таканаречем КОВИД пасош, со кој повторно се ограничува слободното движење на луѓето, и истите ќе бидат обележани на оние кои се вакцинирани  и оние невакцинираните, кои нема да бидат пожелни како посетители во многу дестинации.

А каде сме ние? Дали ке имаме и оваа година барем малку повеќе посетители ако не туристи? Дали македонските граѓани ќе можат да одат некаде, да посетат некоја др. дестинација или онаа најпосетената Грција. Мора да кажам дека ќе бидеме повторно разочарани. Во однос на домашниот туризам, црно ни се пишува, ние и онака доцниме со мерките што беа погоре наведени. Вакцинацијата ја чекаме со душа, но неа нигде ја нема. Во тек е добивањето на таканаречениот „сејфти знак“ од страна на Светскиот патувачки туристички совет, но нејзината импелементација кај нас ќе остане заборавена, само за пример таа има вкупно 19 протоколи кои треба да се спроведат, а каде е нивната имплементација? Ние и онака нашите протоколи ги занемаруваме. Нашето Министерство за надворешни работи наместо да работи на убедување на останатите свои меѓународни партнери, ако не толку широко, тогаш регионалните или билатералните барем (како ќе ги убедиме кога статистиката на пребарување за безбедноста и заштитата на нашата држава е катастрофална, први во светот по заразеност и морталитет од КОВИД, а последни по вакцинација). Изминатата година се поднесени само замислете 30 барања за субенционирање од страна на нашите партнери од странство, оваа година и поретко можда. Грција веќе најавува отварање на туристичката сезона веќе од 14 мај, за сите оние кои имаат сертификат, прележале КОВИД, или имаат негативен ПЦР тест, дури и бесплатни тестови на граница. Малта дава и ваучери од 200 евра за секој посетител, плус бесплатни тестови. Една година апстиненција од патување ќе допринесат да многу наши граѓани се слеат во ваквите дестинации како Грција или Малта, или се повеќе Албанија или Турција (каква штета си направија само Бугарија), така да мојата визија е ТУРИЗАМ, ДОГОДИНА ЗДРАВЈЕ, не сакам ни да го спомнам она ако преживееме.

Автор: Зоран Николовски, туризмолог, специјалист во туристички развој, и магистер по маркетинг и брендирање, за НетПрес