Туризмот ќе се развива со двојно повеќе пари од лани

За развој на туриомот годинава ќе има двојно повеќе пари до лани. Владата одвои околу 2,5 милиони евра за субвенции за оние кои ќе донесат странски туристи и за влез на нови нискобуџетни авиокомпании.

„Владата одвои 150 милиони денари за развој на туризмот. Од овие пари 110 милиони денари ќе бидат обезбедени од буџетот на државата, а 40 милиони се од игрите на среќа. Oчекуваме со овие нови средства дека ќе обезбедиме зголемен број туристи, и како резултат на тоа и поголем девизен прилив, зато што странските туристи по дефиниција оставаат пари и во останатите гранки кои се поврзани со туризмот “, вели портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Од март се очекува и влез на нови авиокомпании. Најголем бенефит од нив ќе имаат македонските граѓани кои со помалку пари ќе можат да патуваат во странство, вели Ѓорѓиев.

„Од март или почетокот на април ќе се воведат и три нови авиолинии кон европските метрополи, како Брисел, Франфурт и Париз, што дополнително ќе се зголеми бројот на странски туристи од овие земји кај нас, но и македонските граѓани ќе можат со евтини авиобилети да патуваат во овие градови, додава Ѓорѓиев.

Според официјалните податоци, заклучно со октормви лани бројот на странски туристи во земјава се зголемил за над 26 отсто , а бројот на домашните гости пораснал за 6 отсто . Освен субвенциите за зголемување на бројот на туристуи придонесе и намалената стапка на ДДВ од 18 на 5 отсто  за туристичките услуги.