Туризмот, на респиратори!

Оваа парола веќе подолго време ја употребуваат на протестите сите оние кои се незадоволни од водењето на денешната политика на развој на туризмот и давањето на помош за компаниите од секторот туризам, а посебно во делот на угостителството, кои најдиректно и најмногу се погодени од оваа социјална и здравствена  криза. Мислам дека логички, оваа парола, колку и да е „иронична“, соодвествува многу точно на она што му се случува на туризмот и пред се на угостителството, како важен заеднички дел од секторот туризам, (неминовно кај нас овие две гранки се непосредно поврзани и се водат како заедничка политика) денеска. Самите претприемачи или компании од двете гранки се први на удар од оваа криза, а последни ќе бидат отворени,кога еден ден сето ова ќе заврши, а сите ние се надеваме на брз крај на оваа Корона криза и на отварање на границите за повторно заживување на патувањата.

Следејќи ги сите случувања кои се одвиваат моментално, со протестите од страна на туристичкиот и угостителскиот сектор, како и вниманието и одговорите кои го добиваат од страна на владата, како и читајќи ги критиките на многу медиуми за тоа колку допринеле двата сектора, или самите компании во создавањето на Домашниот бруто производ, ќе се обидам да ја прикажам реалната слика за директното, но и индиректното учество на туризмот и угостителството во самата економија на нашата држава Македонија.

За да се добие целосна слика за учеството на туризмот во создавањето на Домашниот бруто производ (некои непознаници во весниците изнесоа бројка од 1,54 % ), треба да се согледаат сите параметри, не само директното учество на туризмот кој патем изнесуваше 2.8% во 2019 година, кога Република Македонија бележи најголем пораст на туризмот во сите основи, благодарејќи на политиките на изминатите 10 година и претходната влада која директно го раководеше туризмот преку Комитетот за туризам и имплементацијата на Националната стратегија за туризам.  Индиректниот начин на учество на туризмот во домашниот производ е уште поголем и тој изнесува 6.2% согласно статистиката на Светскиот форум за патување и туризам. Учеството на туризмот по основ на вкупниот број на вработени, изнесува 52.000 или учествува со 6.6 % од вкупниот број. Ако според светските анализи, туризмот индиректно влијае на другите сектори кои се поврзани со него,  е однос на три према еден, тоа значи дека бројката на вработени треба да се зголеми за три пати, или во бројки 156.000 вработени или 19.8 %. Да го погледнеме и учеството на девизниот прилив кој 2019 година беше најголем 395.92 милиони долари. Споредбено со 2018 ( за 2020 година се уште се чекаат официјалните податоци од Народна банка и Државниот завод за статистика, статистичка сурова болка која преставува огромен проблем при креирањето на политиките, а за кој проблем ќе зборувам во наредните колумни)   зголемен за 3.75% со тренд на постојан пораст секоја измината година. Инаку во основа туризмот е еден од ретките стопански гранки во Република Македонија што остварува суфицит во Буџетот по основ на прилив на извоз и увоз ( за неуките, извозот и увозот во туризмот е обратен пропорционален на извозот и увозот во трговијата, или во превод, она што е извоз во туризмот е увоз во трговијата, а  увозот во туризмот е извоз во трговијата). Тука ќе спомнам еден мој напор да ги наметнам како вистина  во тогашната влада на премиерот Груевски овие податоци, кога го убедив со оваа вистина и со тоа дека туризмот е меѓу ретките гранки која создава суфицит во Буџетот, за да го прифатат како извозно ориентирана стопанска гранка, која може многу да помогне во раздвижување на севкупната економија во државата и на рој начин да му се даде приоритетно внимание на истиот.

Врз основа на погоре изнесено, на секој еден што прв пат се соочува со економското влијае на туризмот, посебно на оние кои работиме во овој сектор, а на внимание на сегашнава владата која со небулози и непознавања пробува да ја наметне политиката на демек голема помош која им е дадена во изминатава година дена од нивното затворање и неработење во екот на кризата, не по нивна вина, оваа парола „Туризмот, на респиратори“,не само што е вистинска,туку е сурова реалност која за жал, владата не само што, како што вели дала 7 пати повеќе пари, од тоа што допринесуваат компаниите во домашната економија или  вкупно во бројки 37.5 милиони евра или 10.7% (како само точно баратаат со статистичките податоци кога треба да се одбранат нели !!!?), од севкупната помош од секторите во кои се извршени директни плаќања од буџетот кон крајните корисници. Не почитувани, не е точно ова и нема никогаш да се согласам ниту јас ниту самите компании во оваа незнаница. Туризмот далеку многу допринесува во севкупната економија во една држава, патем тоа најдобро го знаат оние економии кои имаат голем процент на учество во нивниот домашен буџет. Треба многу повеќе внимание да им дадете на нив, да им помогнете зашто утре они пак вас како влада и нас како граѓани на оваа држава ќе ни дадат допринос и нови вработувања, или поточно не го оставајте „Туризмот на респиратори“, туку дајте му друга терапија (во медицината секој знае дека ако не ја бива таа терапија, се применува друга).

Автор: Зоран Николовски, туризмолог, специјалист во туристички развој, и магистер по маркетинг и брендирање, за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.