Туризмот нема да се врати на старо по пандемијата

Патувањата поради пандемијата на коронавирусот трајно ќе се променат, изјави извршниот директор на „ Airbnb“, Брајан Чески, предвидувајќи дека луѓето повеќе ќе ги посетуваат помалите градови, пријатеките и семејствата.

Традиционалниот туризмот и разгледувањето на водечките светски дестинации знечително ќе се намалат, како и летовите за деловни состаноци, а ќе надвладуваат патувањата во помалите заедници, смета директорот на „Airbnb“.

Патниците „копнеат по она што им е одземено. Не копнеат да го видат Тајм сквер, туку пријателите и семејствата, за што долго немаа можности“, изјави Чески на виртуелниот форум на Reuters Next кој се одржуваше изминатите три дена.

Компанијата „Airbnb“ во пандемијата на коронавирусот била погодена уште на почетокот од минатата 2020 година, кога нивното работење за малку повеќе од осум седмици потонало за 80 отсто.

Кога владите започнаа со ублажувањето на рестриктивните мерки на „заклучување“, сѐ повеќе патници резервирале куќи наместо сместувања во хотели, што на „Airbnb“ му помогнало во третиот квартал неочекувано да работи со добивка, со засилен интерес на клиентите за изнајмување куќи подалеку од големите градови.

Компанијата во декември успешно ги излиста своите акции на берзанска котизација, а цената по иницијалната јавна понуда (IPO) им беше повеќе од удвоена. Во четвртокот акцијата на „Airbnb“ пораснала за 10 отсто, на рекордни 187,42 долари, наведува Reuters.