Свет

Туркменистан официјално ја забрани полигамијата

Туркменистан официјално ја забрани полигамијата

Туркменистанскиот парламент донесе закон за забрана на полигамијата во оваа поранешна советска република во централна Азија со мнозинско муслиманско населени, објавено е во вторникот во официјалниот весник Неутрален Туркменистан.

„Полигамијата не е дозволена во Турменистан“, пишува во законот објавен во службениот весник на земјата. „Полигамијата означува заедница на еден маж со две или со неколку жени во исто време“, се наведува натаму во текстот од новиот закон,

Со овој закон се дополнува туркменистанскиот Закон за семејство кој парламентот го донесе во 2012 година и во кој не се споменуваше ова чувствително прашање за туркменистанското општество каде што до советскиот период полигамијата била вообичаена. Полигамијата во советски Туркменистан се сметала за кривично дела за коешто се заканувала казна од две години работен логор.

Меѓутоа, првиот туркменистански претседател во постсоветскиот период Сапармурат Нијазов во 1999 година, речиси цела деценија по распадот на Советскиот сојуз, објави дека размислува за легализирање на полигамните заедница, повикувајќи се на потребата од „почитување на локаните обичаи и традиции“. Но Нијазов, кого го нарекуваа татко на сите Туркмени, никогаш не ја реализираше оваа иницијатива.

Актуелниот туркменски претседател Гургбангули Бердиухамедов ја презема власта во една од најзатворените земји во светот во 2006 година по смртта од Сапармурат Нијазов.