Турската армија и сириската опозиција навлегуваат во Сирија „набрзо“

Помошникот на турскиот претседател денеска најави дека Турција „набрзо“ ќе почне офанзива во Сирија и заедно со Слободната сириска армија ќе ја преминат сириската граница, по неодамнешната ненадејна изјава на Вашингтон за повлекување на американските силли од сириски подрачја во близина на турската граница.

Фахретин Алтун во твит нагласува дека курдските борци би можеле да се повлечат или Анкара ќе ги „спречи да се мешаат“ во борбата на Турција против ИД.

„Турската армија гранатираше наши позиции на границите“, велат од Сириските демократски сили што се под команда на курдскитре Единици за народна одбрана означувајќи во твитот клучниот пограничен град Рас ал-Аин.

„Нема повредени на нашите сили. Не одговоривме на овој непровоциран напад. Ние сме подготвени да ги браниме луѓето и жителите на североисточна Сирија “, додаваат тие.

Рас ал-Аин е едно од местата каде американските сили се повлекоа во понеделникот.

Во реонот на пограничниот град Акчакале што се наоѓа спроти сирискиот град Тал Абијад очевидец наведува дека видел оклопни вопзила и ровови од турската страна на границата и насочени кон Сирија. На околу 60 км на запад се распоредени артилерија и војници недалеку од воен камп. Мустафа Бали од курдските Сириски демократски сили изјави дека трупањето воени сили на Турција како и информацијата за дополнителна мобилизација на поддржаните од Анкара сириски бунтовници, означува дека „нападот е неминовен“.

Курдските формации од составот на коалицијата Сириски демократски сили, ќе се спротистават на турските сили ако се обидат да навлкезат во северна Сирија. Тоа го изјави за Њујорк тајмс командантот на Курдите во составот на СДС, Мазлум Кобани.

– Војуваме веќе седум години и подготвени сме да продолжиме уште толку, додаде Кобани.

Според него, со одлуката на САД да се повлечат од северна Сирија, Вашингтон покажува дволичност во политиката по однос на сириските Курди.

„Не треба да има дволичност…покажете притисок врз политичарите и армијата за да биде прекинат напад од Турција“.

Американскиот претседтаел Доналд Трамп се консултирал „во изминатите неколку денови“ со шефот на Пентагон Марк Еспер и со шефот на Советот на ГШ на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили за можниот турски удар во Сирија. Тоа го изјави портпарол на американското Министерство за одбрана.

Со повлекувањето од северот на Сирија, САД ги предадоа Курдите, својот најверен сојузник во борбата против ИД и тоа може да се покаже како голема грешка за одната безбедносна ситуација во Европа, оценува Дојче веле.

Повеќе од 10.000 курдски  борци го изгубија животот во борбите против ИД во изминатите години.

Турскиот претседтаел Реџеп Тајип Ердоган на ГС на ОН ги претстави своите планови за „безбедносна зона“ јужно од турската граница. Тоа е огромна територија – долга речиси 500 км и предвидена зона со ширина од 30 километри. Таа област во разурнатата Сирија која беше под контрола на Курдите досега, беше оаза на стабилност.

Последиците од турските инвазии врз Сирија може да се видат во почетокот на 2018 година, за време на окупацијата на Африн – што цинично се нарекуваше „Операција маслинова гранка“. Турската армија тогаш оперираше заедно со џихадистите.

Според ОН, 140.000 луѓе избегале од Африн и околината во тоа време. Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, зборува за дури 350.000 раселени лица. Организациите за човекови права се жалеа на систематското уништување на егзистенцијата на Курдите: тие беа протерани од нивните домови, а потоа таму се населиле сириски Арапи.

„Ердоган сега има сличен план – и тој не го крие. Таа сака да ослободи повеќе од три милиони сириски бегалци кои веќе не се добредојдени во Турција. Ова значи дека Ердоган во основа планира етничко чистење и последователно преместување по сириско-турската граница“, нагласува Дојче веле.

„Борбата против ИД е далеку од победа. Иако ја изгуби територијата претходно оваа година, нејзините борци се уште се кријат во   Сирија. Идеологијата на ИД се уште е во главите на околу 12.000 затвореници што ги чуваат Курди во северна Сирија. И во главите на околу 70.000 пребегани приврзаници на ИД во кампови, исто така и во северна Сирија. Американскиот претседател Трамп, сепак, го задолжи Ердоган: Турција ќе одговара за заробените борци и припадниците на ИД. Но, таа турска офанзива нема да го направи светот побезбеден“, заклучува Фон Хајн за Дојче веле.

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам, близок на американскиот претседател Доналд Трамп, ја предупреди Турција дека „нема зелено светло“ за воена операција во северна Сирија, по низата контрадикторни пораки испратени од официјалните лица на САД во изминатите денови.

„Порака до турската влада: немате зелено светло за влегување во северна Сирија. Постои голема двопартиска опозиција на тоа во Конгресот и треба да ја гледате како црвена линија што не смее да се премине. Ако сакате да ги уништите веќе кревките односи, инвазијата на Сирија ќе ја заврши работата”, твитна Греам со хаштагот #StandWithTheKurds.