Турската авијација го нападна седиштето на курдските сили во Сирија

Турските воздухопловни сили го нападнале во понеделникот штабот на курдските сили кои влегуваат во составот на арапско-курдската коалиција Сириски демократски сили (SDF) во градот ал-Маликија во североисточната сириска провинција Хасека, пренесува телевизијата Al Mayadeen.

Според информациите, ударите биле изведени во областа на Тел-Тавил. Нема извештаи за жртвио и повредени меѓу курдските борци. Како што пренесе телевизијата, турската авијација во текот на денот изведувалa интензивни прелети над пограничната област и дури во вечерните часови го нападнала штабот на SDF.

Операцијата на турските воздухопловни сили следи по изјавите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за скорешно започнување воена операција во Сирија потив курдските милици Единици за заштита на народот (YPG) кои Анкара ги смета за терористичка организација блиска на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK).

Телевизијата Al Hadath, пак, објави дека Турција распоредила на источниот брег на Еуфрат единици на нејзините сириски сојузници од вооруежаната опозиција од Идлиб, за кои се очекува дека ќе бидат вклучени во судирите со SDF.

Претходно во понеделникот, САД чиишто сојузници во Сирија во борбата против ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава се борците на SDF, започнаа со повлекување на војниците и опремата од базите во Рас-ал-Ајне и Тел-Абјас. Курдите објавија дека овој потег е кршење на гаранциите кои Вашингтон им ги дал и предупредуваат дека заканите од групите на џихадистите може да се зголемат по повлекувањето на САД и нивните западни сојузници од Сирија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.