Турската економија падна најмногу во последните 10 години

Турската економија падна за 9,9 проценти на годишно ниво во вториот квартал, најсилен пад во последните десет години, поради стопирање на активностите за борбата против инфекцијата со коронавирусот, покажаа официјалните податоци објавени во понеделникот.

Во споредба со претходниот квартал, сезонскиот и прилагодениот бруто домашен производ (БДП) падна за 11 проценти, што е најголем квартален пад откако „Туркстат“ започна да го објавува извештајот.

По првиот квартал, економијата порасна за 4,4 проценти на годишно ниво, според малку ревидираната проценка на заводот за статистика, благодарение на растот на кредитирањето непосредно пред пандемијата да избие во март.

Анкара потоа ги затвори границите, училиштата и деловните активности на одредени компании, вклучително и многу фабрики, и воведе карантински мерки за време на викендите. Поголемиот дел од економијата беше рестартирана во јуни, потсетува „Reuters“.

Финансискиот сектор се истакна со раст од 28 проценти во периодот од април до јуни, додека во значајни сектори на индустријата и услугите, според последните податоци, активностите паднаа за 16 и 25 проценти.

Клучниот туристички сектор во Турција беше сериозно погоден од мерките за затворање воведени за спречување на пандемијата, па затоа се очекува економијата да падне оваа година, забележува „Reuters“.

Министерот за финансии Берат Албајрак предвидува дека оваа година економската активност може да падне за два проценти, но и да порасне за еден процент. Коментирајќи ги најновите податоци на „Тwitter“, тој напиша дека тие се добри кога ќе се споредат со другите земји.

Тој додаде дека Турција е решена да ги елиминира последиците од коронавирусот веќе следната година.

Така 770 милијарди долари вредната економија обично расте со стапки повисоки од пет проценти, а нејзин главен двигател е градежниот сектор, финансиран од евтини странски заеми.

Потоа, за две години, таа падна во рецесија двапати, поради валутната криза во 2018-та и 2019-та година и поради пандемијата со ковид-19. Гледајќи го нивото на целата година, БДП-то последен пат падна во 2009-та година, среде големата светска криза, за 4,7 проценти, потсетува „Reuters“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.