Турската економија си силен раст во првиот квартал

Турската економија пораснала во првото тримесечје за 4,5 отсто, поткрепена од силниот скок на секторот информации и коминукации и индустријата, објави во петокот турската агенција за статистика.

Во одно на претходното тримесечје бруто домашниот производ (БДП) пораснал по сензонски прилагодените податоци за 0,6 отсто, покажува извештајот на TurkStat.

Иако вносниот градежен сектор забележал пад од 1,5 отсто во споредба со истиот период минатата година, секторот на информациии и комуникации пораснал за 10,7 а индустријата за 6,2 отсто.

Увозот на стоки и услуги пораснал за 22,1 проценти, додека извозот се намалил за еден отсто, се додава во соопштението.

Ширењето на новиот коронавирус ги запра стопанските активности во март, бидејќи владата брзо ги затвори границите и го запре транспортот, што влијаеше втрз трговијата и туризмот.

Турција првиот случај на коронавирусот го потврди на 11-ти март. Постепено ги затвори рестораните, трговските центри, кафулињата и браровите, и другите јавни места за забава и спорт. Ограничувањата во текот на викендите и забраната за домашни патувања дополнително ја намалија побарувачката.

Министерот за Берат Албајрак предвидува раст на економијата оваа година, и покрај предупредувањата на аналитичарите дека светската економија остро паѓа и дека заздравувањето ќе биде тешко. Минатата година турската економија забележа раст од само 0,9 отсто, во атмосфера на американски санкции и опструкции.