Турската економија пораснала за 5,2 отсто, ѝ предвидуваат забавување на растот

Турската економија пораснала во вториот квартал од годинава за 5,2 отсто во однос на истиот период минатата 2017 година, покажуваат официјалните податоци објавени во понеделникот, а аналитичарите очекуваат забавување на растот во втората половина од годината поради валутната криза.

Аналитичарите, коишто во анктата на агенцијата Reuters, очекуваа раст на турскиот бруто домашен производ (БДП) за 5,3 отсто, сметаат дека тоа е последниот солиден раст пред забаувањето во втората половина од 2018 година, имајќи предвид дека Турција се соочува со валутна криза. Во текот на 15 година на владењето на сегашниот претседател Реџеп Тајип Ердоган турската економија бележеше силен раст, но сега се соочува со предизвици по остриот пад на курсот на лирата, делумно поттикнато и од загриженоста од евентуално влијание на шефот на државата врз монетарната политика.

Според сезонските и календарски прилагодени податоци, во второто тримесечје турскиот БДП пораснал за 0,9 отсто во однос на претходниот квартал, покажуваат податоците од турскиот Институт за статистика. Ревидираните податоци, пак, покажуваат дека економијата во текот на 2017-та пораснала за 7,4 отсто, како што покажуваа и претходно објавените податоци. Според анкетата на Reuters, аналитичарите очекуваат дека за целата оваа година турската економија ќе порасне за 3,3 отсто, што значи дека очекуваат значително забавување на растот до крајот на годинава.

Од почетокот на 2018 година лирата во однос американскиот долар на врдноста загуби повеќе од 45 отсто, главно поради загриженоста од влошувањето на односите со САД и двојното зголемување на царините на увозот на турскиот алуминиум и челик за 20 односно за 50 отсто, како и поради барањата на претседателот Ердоган за пониски каматни стапки и покрај високата инфлација. Турската централна банка цели на инфлација од 5 отсто на годишно ниво. Уште пред една година инфлацијата беше значително над ова ниво, околу 10 отсто. Од тогаш ситуацијата дополнително се влоши, па потрошувачките цени сега растат по стапка од околу 15 отсто.

И покрај тоа, Ердоган се спротистави на предлозите за зголемување на каматните стапки, велејќи дека тие се инструмент за експоатација и дека Турција нема да падне во таквата замка. Турскиот претседател, кој самиот себеси се нарекува „непријател на каматните стапки“, сака поевтини кредиит од банките за да го поттикне растот на стопанството, но вложувачите стравуваат дека економијата е „прегреана“ и дека би можело да дојде до остро „приземјување“, па дури и рецесија, по низата години релативно силен економски раст.

Коментарите на Ердоган за каматните стапки, како и критикуваното неодамнешно именување на својот зет за министер за финансии, ја зајакнуваат перцепцијата дека централната банка на Турцина не е независна. Поради тоа, меѓу другото, движењата на финансиските пазари во Турција веќе извесно време се алармантни. Турска лира падна во однос на доларот за 45 отсто од јануари, а цените на акциите на берзата за повеќе од 15 отсто, додека каматните стпаки за задолжување на државата бо лири достигнаа високи 18 проценти.