Турската лира со најголем пад

Турската лира деновиве „потона“ како никогаш досега.

Валутата падна на историско најниско ниво од 8,15 лири за долар во услови на ескалација на тензиите меѓу Анкара и нејзините сојузници во НАТО, пред се Франција и Соединетите држави.

Аналитичарите велат дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговите обиди да го демонстрира своето влијание во „жешките“ региони како Либија, Сирија, северен Кипар и Кавказ ги одбиваат инвеститорите.

Инфлацијата во Турција значително се забрза на 11,7 отсто минатиот месец.

Централната банка одби да ја зголеми основната каматна стапка, што изврши дополнителен притисок врз лирата.

Годинава турската лира изгуби 26 отсто од својата вредност, а државата потроши 134 милијарди долари од своите девизни резерви во обид да ја поддржи валутата.