Турската полиција пребарува шума и кај градот Јалова во потрага по останки од Кашоги

Турската полиција ја пребарува шумата на периферијата од Истанбул и градот Јалова на Мраморното Море во потрага по посмртните останки од саудискиот новинар Џамал Кашоги кој исчезна пред повеќе од две седмици откако влегол во конзулатот на Саудиска Арабија во турската метропола, соопштија турските власти.

Иследниците во претрагата на конзулатот и разиденцијта на конзулот нашле „многу примероци“, соопштиле двајца високи функционери за агенција Reuters, и ќе се обидат на нив да откријат траги од ДНК на новинарот Џамал Кашоги. Саудиска Арабија ги отфрла наводите на турските функционери дека Кашоги е убиен во текот на испитување во конзулатот, и неговото тело потоа е искасапено на парчиња и острането од зградата.

Турските власти ја проширија областа на истрагата, откако ги утврдиле правците на движења и местата на коишто запирале возилата коишто дошле и заминале од саудискиот конзулат и од резиденцијата на конзулот на 2-ри октомври, кога Кашоги е последен пат виден

Особено внимание привлекле вон „мерцедес спринтер“ со регистарската табличка број 34 CC 2342 кој се гледа на последната снимка на која е снимен моментот кога Кашоги влегува во конзулатот, кога возилото стои пред конзулатот а потоа се паркира во него. Истрагата се фокусира и на возилото „мерцеден вито“, со регистрација 34 CC 1865, бидејќи се движело на релацијата меѓу конзулатот и резиденцијата на кознулот по исчезнувањето на новинарот. Ознаката „34“ одговара на кодот за Истанбул а „СС“значи дека тоа возило го користи конзуларно претставништво.

Според написот објавен и во четвртокот во дневниот вениск Yeni Şafak, сомнителното црно возило „ван“ било пронајдени од турската полиција во затворената гаража на конзулатот во текот на претресот. Турски официјални лица се сомневаат дека саудската „едница“, односно специјално обучен тим за егзекуција и остранување на телото на новинарот, ангажиран за испитувањето и ликвидацијата на Кашоги го користел ова возило за пренесување на телото на новинарот од конзулатот до резиденцијата на конзулот.

Возилото го напуштило конзулатот и се паркирало на околу 200 метри во резиденцијата на конзулот во 3,09 часот на 2-и октомври, околу два часа откако Кашоги влегол во саудискиот конзулат.

Убијците на Кашоги можеби неговите посмртни останки ги фрлиле во Белградската шума на крајот од Истанбул и во рурална локација близу градот Јалчова, 90 километри јужно од Истанбул, пренесуваат турските медиуми, повикувајќи се на турската истрага.

„Истрагите предизвикаа одредени сомневања дека неговите останки би можеле да бидат во градот Јалова и во Белградската шума, и полицијата ги пребарува тие области. Останките би можело да бидат фрлени на селско стопанство или вила“, рекол еден од изворите.

Некои медиуми, меѓу кои и The Washington Post, за кој пишуваше Кашоги, објавија дека постојат аудио и видео снимки коишто докажуваат дека новинарот е „испрашуван, мачен и потоа убиен“ во кознулатот, а потоа оти неговото тело е распарчено.