Турската полиција се судри со демонстрантите

Турската полиција се судри со демонјстранти во турскиот град Кајсери.

Демонстрациите биле на булеварот каде што се наоѓа судот.

Дел од демонстрантите не и дозволиле на полицијата да ги претресе, по што избиле судири.

Студентот Коркмаз беше претепан од четворица полицајци во цивилна облека и четворица трговци, вооружени со безбол палки, за време на протестите во градот Ескишехир на 2 јуни 2013 година. Момчето, кое се здоби со повреди на мозокот, почина на 10 јули по 38 дена поминати во кома.

Осуммината обвинети биле снимени од безбедносните камери во моментот на инцидентот. Нив им се суди за „убиство со предумисла“ и им се заканува пресуда од 10 години до доживотен затвор.