Околу 60 лица наводно се убиени во подрум во зграда во југо – источниот курдски град Џизре во воената акција на турските сили, што според тамошните медиуми, била спроведена со цел да се неутрализираат борците на ПКК.
Турската армија ја спровела мисијата за наводно да го исчисти подрумот во градот кој се верува дека е под контрола на високи претставници на Курдската работничка партија (ПКК).
Синоќа, во областа биле слушнати силни експлозии. Претходно, како што јавува „Раша тудеј“ постоеле информации дека неколку десетици цивили се заробени во подрумот цели две недели поради борбите во областа – иако сеуште не е јасно дали станува збор за истата зграда.