Турски државјанин обвинет за употреба на фалсификувана исправа

Основното јавно обвинителство-Скопје поднесе обвинителен предлог против државјанин на Република Турција за кривично дело – фалсификување исправа.

Од обвинителството информираат дека обвинетиот, на 25 август, при поднесување на барањето за продолжување на дозволата за привремен престој во земјава по основ вработување, употребил како вистинска преправена јавна исправа – турски пасош. Во патната исправа била извршена преправка така што биле заменети оригиналните страници со податоци и фотографија на обвинетиот

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.