Турски државјанин во Штип со автомобил удрил во полицаец

На 07.05.2023 во 18.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ во Штип, патничко моторно возило „шевролет круз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(68) од Република Турција, удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија, информира МВР.

Во незгодата полицискиот службеник се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.