Турски хакери нападнале страници на грчки владини институции

Хакери од Турција успеале на најмалку половина час да онеспособат редица веб-страници на владини институции во Грција, пренесува во петокот порталот iefimerida.gr.

Според информациите, „турнати“ биле интернет страниците на Националната служба за разузнавање, Парламентот, Министерството за надворешни работи, Министериството за финансии, Атинската берза…

Според сознанијата на порталот, нападот ги извршила турската хакерска група позната под називот Anka Neferler, којашто подоцна на Facebook го потврди нападот и го објасни како „одговор на заканите на Атикина против Турција“.

„Грција ѝ се заканива на Турција во Егејот и источниот Медитеран, И сега се заканува на либската конференција“, се наведува во објавата на хакерите, алудирајќи на постојаните тензии меѓу двете земји по низа прашања.

Според извори од грчката влада, хакерскиот напад бил ограничен само на проптоварување на влезовите, ткн DOS напад, што предизвикало паѓање на мрежните страници, како и дека биле одбиени сите обиди за постирње објави и влегување во датотеките на институциите.