Турски лекар разви тест кој идентификува коронавирус од урина

Турски лекар, специјалист за физикална терапија и рехабилитација, Мехмет Сехан Курулмус разви сет кој го детектира коронавирусот во примерок од урина, јавува Агенцијата Анадолу  (АА).

Тој рече дека на развојот на сетот работел од март годинава и дека со помош на тој тест за само 15 секунди може да се детектираат специфичните елементи на коронавирусот кој предизвикува инфекција со ковид-19.

-Тестот добил одобрение од низа локални медицински институции и е лиценциран од страна на Министерството за здравство на Турција, рече Куртулмус.

Истакнувајќи дека се покажало како уринарниот тест е многу посигурен од другите видови кои постојат на пазарот, Куртумус рече дека научниот труд за тоа ќе биде објавен во меѓународно научно списание.

-Наша цел беше да направиме тест кој луѓето ќе можат да го користат за тестирање на коронавирус на што посигурен, побрз и побезбеден начин, рече Куртулмус и додаде дека тоа е прв уринарен тест за коронавирус.

Извор: Агенција Анадолу

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.