Турски опозициски новинар пуштен од затвор и веднаш ја нападна власта

Познатиот истражувачки новинар Ахмет Шик е пуштен од затвор по повеќе од 430 дена, и веднаш повторно ја критикуваше владата иако и натаму трае процесот против него.

Опозицискиот весник Cumhuriyet, за кој работи Ахмет Шик, во саботата на интернет го објавија неговото прво обраќање во јавноста по излегувањето од затвор.

„Гарантирам дека овој мафијашки султанат ќе заврши… И тогаш ќе славиме“, им порача Шик на своите приврзаници.

Тој е еден од 18-те вработени во издавачката куќа којашто е сопственик на дневниот весник на коишто во моментов им се суди. Поранешниот главен и одговорен уредник Чан Дундар, кому му е изечена затворска казна поради написите дека од Турција се испраќа оружје за бунтовниците во Сирија и денес живее во егзил во Европа.

Шик се профилираше како познавач за истакнатиот исламистички проповедник Фетула Ѓулен кого официјална Анкара го обвинува за подривање на државата и за организирање на неуспешниот воен преврат од 15-ти јули 2016 година. Ѓулен, кој е поранешен близок соработник на сегашниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган, исто така, долги години живее во доброволен егзил во американската сојузна држава Пенсилванија.

Шик критички пишуваше за патот на исламситичкото движење на Ѓулен, кон можните функции во државата и создавањето на она што турските власти го нарекуваат „држава во држава“, поради што во 2011 година беше една година во затвор, во периодот додека Ѓуленистите сѐ уште ги контролираа правосудството и полицијата. По неуспешниот преврат ова движење е означено како терористичка организација FETO, а десетици илјади се обвинети за соработка со него, поради што многу се притворени а исто така се суспендирани од јавните служби/

Шик беше критичар и на поранешниот сојуз на турските власти со споменатото движење на Ѓулен.

„Ги напуштив затворот пред шест години, и тогаш во март. Она што од тогаш се промени е што еден од партнерите во фашизмот е исфрлен“, истакнува Шик во обраќањето алудирајќи на падот на Ѓулен.

Ослободен од затвор, исто така, е и уредникот на Cumhuriyet, Мурат Сабунџу, но еден од членовите на управата Акин Алтај остана зад решетки, а неговото судење продолжува следната седмица.

Сабунџу во затворот мина 495 дена, а при излегувањето рече дека весникот и натаму „бестрашно“ ќе продолжат по својот пат на независното новинарство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.