
Овој рецепт за убавина е хит во Турција бидејќи ја докажа својата делотворност во минатото. Сите состојки се достапни и не се многу скапи. Изразено мазниот ефект настапува уште по третата-четврта постапка.
Запомнете дека секоја маска се нанесува само на чиста кожа!
Некои состојки во маската можат да предизвикаат алергиска реакција, па оние што имаат осетлива кожа е најдобро да не ја нанесуваат поради присуството на мед и цимет.
Ако сепак многу сакате да ја направите, заменете ги медот и циметот со жолчка од јајце.
Потребни состојки:
3 лажички сода, 1 мала лажица мед, 1 мала лажица течен витамин Е (може да се купи од аптеките!), 1/4 лажиче цимет, 4 лажички млеко или павлака
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки. Треба да се добие една доста густа смеса. Ако не е доволно густа додадете колку што е потребно сода. Нанесете дебел слој од маската на исчистено лице и врат, избегнувајќи го пределот околу очите и усните. Оставете ја да се исуши. По околу 15-20 минути, отстранете ја маската со туфери потопени во топла вода, без да притискате многу.
Откако ќе ја отстраните маската од лицето со вода, ќе забележите дека кожата е видливо свежа, поцврста, а порите се чисти и не толку отворени.
Ако ја користите маската двапати во неделата, ќе имате одлични резултати.