Турскиот мафијаш пиел кафе во галијата што Шилегов ја руши

Турскиот криминалец Седат Пекер навистина добро го запознал нашиот град. Тој можел да се види на сите места во Скопје па дури и онаму каде што е „шемата“.

Па така, на Јутуб има објавено видео како тој пие кафе на Галијата на Вардар што сега ја руши градоначалникот Петре Шилегов.

На друга снимка од декември минатата година Пекер со големо обезбедување се шета по кејот додека му приоѓаат обожаватели и се фотографираат.