Турскиот парламент одобри контроверзни судски реформи

Тој обезбедува последниот збор во назначувањето на судии на министер за правда

Турскиот Парламент го усвои исклучително контроверзниот нацрт-закон, што има за цел зајакнување на политичката контрола над назначувањата на судиите, соопшти парламентарен извор, пренесе АФП .

Законот беше изгласан по иницијатива на исламско – конзервативната Влада, што е вплеткана во политичко-финансиски скандал. Гласањето мина по бурна размена на реплики меѓу пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот и на опозицијата.

По неколку дена на голема тензија меѓу мнозинството и противниците на премиерот, Реџеп Таип Ердоган најави пред гласањето замрзнувањето на најконтроверзните членови од текстот, реформирањата на Врховниот совет на судии и обвинители на Турција.

За време на гласањето два пати се случија физички пресметки меги пратениците од противнички партии.