Турските адвокати го повикаа претседателот Ѓул да ги смири тензиите од корупцискиот скандал

Претседателот на Турција, Абдула Ѓул го прими во претседателската палата „Чанкаја“ претседателот на Адвокатската комора во земјата Метин Феизоглу, информира телевизиски канал „НТВ“. Средбата се одржа во подоцнежните попладневни часови надвор од рамките на објавената програма на државната глава.

Средбата започна вчера во 16.50 часот и траела речиси еден час. За време на средбата Метин Феизоглу го повикал Абдуллах Ѓул да интервенира, да заземе став и да ги смири тензиите во Турција, настанати како резултат на спроведената операција против коруптивните практики и мито.

Средбата се одржала на инсистирање на претседателот на Адвокатската комора во Турција, Метин Феизоглу , посочи уште телевизискиот канал „НТВ“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.