Турските спасувачи извлекуваат десетици од урнатините, бројот на загинатите се искачи на 35

211

Турските спасувачки екипи во текот на ноќта работеа на темпертури под нулата и извлекоа 45 луѓе од урнатините, соопштија властите, а бројот на загинатите на истокот од земјата се искачи на 35 лица.

Телевизиите емитуваа снимка која се гледа 45-годишна ќерка и нејзината ќерка, спасени под урнтините по 28 часа откако земјотресот со магнидуда од 6,8 во петокот ноќта ја покоди провинцијата Елазиг.

Спасувачите со голи раце, дупчалки и машини продолжуваат да копаат во потрага по преживеаните н три места во провинцијата, соопшти Управвата за вонредни состојни и природни непогоди AFAD.

Додава дека во потресот, кој бил проследен со 700 афтершковои, загинале 31 човек во Елазиг и черити лица во соседната покраина Малатија. Повеќе од 1.600 луѓе се повредени.

Од AFAD предупредуваат населението да не се враќа во оштетените куќи, поради опасност од уривње. Ескпертите утврдиле дека 645 згради се тешко оштетени, како и дека во двете покраини се урнале 76 згради.

Во знак на солидарност со настраданите, претседателот Реџеп Тајип Ердоган происгна во Елазиг во квартот Мустафа Паша, каде се урнале две станбени згради. Ердоган вети дека државата ќе стори „сѐ што е во нејзина моќ“ за да му се помогне на населението.

Министерот за здрвство Фахретин Коча рече дека 128 луѓе се зрижени во болници, од кои 34 се на одделите за интензивна нега, но не се во критична состојба.

Од почетокот на 2020 година Турција веќе ја погодија неколку силни земјотреси. Во средата потрес со магнитуда од 5,4 ја погоди западната провинција Маниса, додека во четвртокот жителите на главниот град Анкара ги вознемири потрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер. Во 2010 година ппоровинцијата Елазиг беше погодена од земјотрес со магнитуда од 6 степени, кога загинаа 51 лице.

Турција се сместена на неколку големи раседи, па земјотресите не се реткост. Во 1999 година во земјотресот кој го погоди истокот на земјата со магнитуда од 7,4 степени, загинаа повеќе од 17.0000 луѓе, меѓу кои и илјада во Истанбул. Стручњаците сметаат дека секој момент е можен силен земјотрес во Иснбул, економскиот центар на Турција, со повеќе од 15 милиони жители, каде што станбените згради, често неплански градени, ретко ги задоволуваат сеизмичките стандарди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.