Турските власти објавија дека веќе нема никој под урнатините

Турските власти располагаат со информација дека под урнатините како последица од разорниот земјотрес кој го погоди истокот на земјата во петокот ноќта, повеќе нема ниту преживеани, ниту загинти, соопшти во понеделникот шефот на Агенцијата за вонредни состојни, Мехмет Ѓулоглу.

„Имаме информации деак под урнатините е најдено последното тело“, напиша Ѓулоглу нa Twitter. Сепак, спасувачите продолжуваат да вршат увид во остатоците од уништените згради, додава.

Властите претходно објавуија за 41 загинато лице и уште 1.607 повредени. Од под уранатините за извлечени се 45 преживеани луѓе.

Земјотресот со магнидуда од 6,8 во петокот ноќта ја покоди провинцијата Елазиг, а бил проследен со 700 афтершковои.

Од почетокот на 2020 година Турција веќе ја погодија неколку силни земјотреси. Во средата потрес со магнитуда од 5,4 ја погоди западната провинција Маниса, додека во четвртокот жителите на главниот град Анкара ги вознемири потрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер. Во 2010 година ппоровинцијата Елазиг беше погодена од земјотрес со магнитуда од 6 степени, кога загинаа 51 лице.

Турција се сместена на неколку големи раседи, па земјотресите не се реткост. Во 1999 година во земјотресот кој го погоди истокот на земјата со магнитуда од 7,4 степени, загинаа повеќе од 17.0000 луѓе, меѓу кои и илјада во Истанбул. Стручњаците сметаат дека секој момент е можен силен земјотрес во Исганбул, економскиот центар на Турција, со повеќе од 15 милиони жители, каде што станбените згради, често неплански градени, ретко ги задоволуваат сеизмичките стандарди.