Турското МО информира дека се убиени 277 терористи во операцијата во Сирија

Во турската операција „Извор на мирот“ во Сирија убиени се, како што соопшти турското Министерство за одбрана, 277 терористи, јави Анадолија.

Турското Министерство посочи дека меѓу „неутрализираните терористи“ има и припадници на Курдската работничка партија и на Единиците за заштита на народот.

Според тв станицата Ал Арабија, во турските воздушни напади во изминатите 24 часа загинале 17 цивили.

Анкара пред два дена почна операција на северот на Сирија која почна со воздушни напади врз позициите на Курдите, кои Анкара ги смета за терористи.

Сириската државна новинска агенција Сана ја осуди операцијата, квалификувајќи ја како „акт на агресија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.