Турција стравува од исламистите во Сирија

Неколку стотици Турци се меѓу странците кои ги пополнуваат редовите на исламистичките групи, што се борат против силите на Башар ал Асад. Овој факт го предизвикува ризикот, некој ден радикализираните мажи да се вратат во земјата и да организираат напад врз Турција, соопштува „Ројтерс“.
Абу Хусеин од Санлиурфа вели дека испратил десетици мажи од градот. да се приклучат кон џихадистичките групи во Северна Сирија и ветува дека ќе продолжи да помага при регрутирање на луѓе, што според него е божествен долг.
„Ги испраќаме оние кои се на патот на Бога за џихад“, вели Абу Хусеин, трговец, за кого мештаните велат дека тој бара и испраќа борци за Сирија од Санлиурфа, град со мешано турско, арапско и курдско население, на околу 50 километри од сириската граница.
„Никој не им вели на овие луѓе да отидт и да се борат. Повеќето од нив се собираат во групи по тројца или петмина и решаваат сами да заминат во војна“, вели Хусеин.
Турција е отворен поддржувач на опозициските сили кои се борат против режимот на Башар ал Асад.
Но турската опозиција се повеќе се плаши од фактот дека радикалните исламистички групи, оние што се поврзани со  „Ал Каеда“, „Џабалија ан Нусра“ и „Исламска држава во Ирак и Левант“, го зголемија своето влијание меѓу опозициските сили и ја презеле контролата на зоните во Северна Сирија, во близина на границата со Турција.