Туск и Јункер очекуваат брегзит во согласност со заклучоците на Европскиот совет

Челниците на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер во вторникот рекоа дека очекуваат излегување на Обединетото Кралство од Европската унија во согласност со заклучоците на Европскиот совет за одложување до 31-ви октомври, и повторија дека за брегзитот нема да има дополнителни преговори, но можно е повторно да биде разгледувана политичката декларација.

Велика Британија минатата седмица на состанокот на Европскиот совет доби дополнителен рок од шест и пол месеци да го доврши процесот на потврдувње на договорот за раздружувањето и да се обиде да изнајде консензус во парламентот за уредено повкелување од ЕУ.

Доналд Туск на пленарната седница во Европскиот парламент во Стразбур порача дека се надева оти Обединетото Кралство дополнителното време ќе го искористи на најдобар можен начин, како и дека Европскиот совет од Лондон очекува јасни пораки.

Европската унија „нема повторно да преговара“ за договорот за разијдувањето „но е подготвена да ја разгледа политичката декларација“, доколку Обединетото Кралство го промени ставот, повтори Тиска во пораката којашто ја упати по самитот. Политичката декларација е документ кој беше договаран паралелно со договорот за раздружувањето и во кој се изнесени контуринте на идноте односи меѓу Брисел и Лондон.

Туск во врска со стравувањето дека британското останување во споменатиот период ќе го отежене функционирањето на телата на ЕУ, рече дека Европскиот совет „не им подлегнал на таквите стравово“. Истакна дека Британија била конструктивна членка и оти нема причини да се верува дека тоа нема да се случи и во овој период.

Подолгото одложување ја доведува Европската унија во ситуација на одредена правна несигурност во моментот кога се избира ново водство на европските институции и и договорот за новиот седумгодишен буџет. Во таквите околности ЕУ ќе има членка која сака да излезе, но која го има сите права кои ги носи членството.

Во заклучоците на Европскиот совет се вели дека Обединетото Кралство во духот на „лојалната соработка“ треба „конструктивно да постапува“ по клучните прашања, како што е повеќегодишниот буџет на ЕУ и именувањето на челните места во институциите на ЕУ по изборите за Европскиот парламент кон крајот на мај, и да се воздржи од сите мерки со коишто би моќел да се загрози исполнувањето на целите на Унијата.

Туск во своето излагање повеќепати истакна дека една земја не може да биде членка од втор ред и заклучи и оти Велика Британија, додека е членка на ЕУ има „обврска и право да учествува на изборите“ за Европскиот парламент. Обединетото Кралство, според заклучоците од самитит, ќе мора да ги организира европските избори доколку не излезе од Унијата до 22 мај, а дококју тоа не го стори ќе мора да ја напушти ЕУ на 1-ви јуни 2019 година.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер рече дека ЕУ не ги тера членките да излезат, но дека е подобро Лондон што поскоро да се одлучи по кој пат ќе оди натаму. ЕУ ќе продолжи и натаму и по брегзитот и сега да се конентрира на „позитивните планови“ за Унијата, рече Јункер. „Не поаѓам од претпоставката дека брегзитот ќе биде отповикан или дека ќе има дополнителни продолжувања на роковоите по 31-ви октомври“, продолжи Јунекр и додаде дека до тогаш тој заминува од Комисијата и со него тогаш „нема да биде можноп да се преговара по полноќ“.

Челникот на ЕК најави дека парламентот ќе биде активно вклучен во сите натамошни чекори во врска со брегзитот и дека неговиот став целосно ќе биде почитуван. Повтори, исто така, дека за договорот за раздружувњето ЕУ нема повторно да преговара, но дека може повторно да се разгледува политичката декларација.

Естебан Гонзалес Понс пред Европската народна партија (ЕРР) во дебатата оцени дека од брегзитот можело да се научи дека „не треба да се ветува она што не можете да го исполните“, и им порача на британските политичари да ја надминат суетата и да им дозволат на граѓаните уште еден референдум. Социјалдемкратот Удо Билман, исто така, на политичарите во Обединетото Кралство им порача повторно да му се обратат на народот, бидејќи „британскиот парламент е блокиран“. Британскиот конзервативец Сијед Камал, претседател на Европските конзервативци и реформисти, го поддржа договорот постигна на состанокот на Европскиот совет и напомена дека Лондон „останува доследен на брегзитот“, но дека сфаќа оти ЕУ го губи трпението.

Британските пратеници во Европскиот парламент во своите настапи беа во прв ред критични кон британската влада и водечките политички партии кои не успеваат да постигнат договор за начинот на излегувањето од Европската унија.

Еден од водечките поборници на брегзитот, Најџел Фараж, пред пратеничката група Европа на слободата и директната демократија (EFDD) ги нападна политичарите и владата во Лондон и, невообичаено за неговите говори, призна дека „оваа збрка сепак овојпат не е вина“ на европските борократи кои биле јасни од почетокот, туку на британската политичка каста.

Во Обединетото Кралство е потребна „политичка револуција“ којашто треба да ги отстрани двете главни партии, рече Фараж а минадонеделното доаѓање на премиерката Тереза Меј во Брисел го оцени како „пониживачко“ за Обединетото Кралство. „Демократијата тивко умре ноќта на 29-ти март“ кога беше одлжен брегзитот, тврдеше Фараж и додаде дека доколку британските челници „договорат царинска унија, ние ќе го загубиме брегзитот но ќе добиеме општи избори“.

Герада Натен од Европа на нациите и слободите (ENF) порача дека Британците на претстојните избори од 23-ти до 26-ти мај немаат причина да гласаат за водечките партии, туку за либералните демократи и UKIP кои имаат јасни ставови а брегзитот. Прача дека по изборите во Европскиот парламент „евроскептичните пратеници сигурно ќе се вратат во голем број“ и ќе гласаат за зачувување на своите национални идентитети и суверенитети.

Британската пратеничка од редовите на Зелените, Моли Скот Като, изрази надеж дека на претстојните европски избори ќе се покаже дека британскиот нардо се уверил дека најдобрата иднина на Обединетото Кралство во Еврпската унија.

Челникот на либералите, Ги Верховштад предупреди дека со продолжување на рокот било загрозено европското единство. „Наместо Меј да баше испратена во Лондон без продолќувње или со кусо одложување, ќе биде продолжена неизвесноста и ќе се вовед збрката на брегзитот во ЕУ и ќе се врлија врз европските избори“, рече. Истакна дека со одложувањето на брегзитот го снемува протисокот врз британските партии да постигнат договор.

Габриел Цимер од групата Обединета европска левица/ Нордиска зелена левица, укажа на нејаснотиите и техничките проблеми кои ги предизвикува привременото останување на британските пратеници во Европскиот парламент и заклучи дека треба или да заминат или да останат цели пет години.

Лондон моќе да излезе во секој момент до 31-ви октомври кога ќе го ратификува договорот за истапувње а се надева дека ќе излезе од ЕУ пред 22-ри мај за да мора да ги одржат европските избори.

Во рамките на подготвовките за брегзитот, Европската унија донесе одлика бројот на пратениците во Европскиот парламент да се намали од сегашните 751 на 705. Според новата пресметка, од 73 британски пратенички места 46 би останале прани, а 27 би биле распределени на 14 држави членки кои досега биле помаплку застапени.

За брегзитот повторно ќе се разговара на редовниот самит на ЕУ во втората половина на јуни, но не за датумот туку ќе се разгледува развојот на ситуацијата во Обединетото Кралство во врска со повлекувањето од ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.