Туск смета дека Трамп „веројатно е најтешкиот предизвик“ за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп е најголемиот предизвик за Европската унија затоа што тој се „моли“ за распад на Унијата, вели претседателот на Европскиот совет на заминување, Доналд Туск, во интервјуто за германскиот неделник Die Zeit во средата.

Трамп го поздрави излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, којашто ја изначи како трговски „непријател“.

„Првпат во историјата американски претседател отворено е против обединувањето на Европа. Тој (Трамп) го поддржува Брегзитот и се моли за распад на Унијата“, вели Туск во интервјуто за германскиот неделник.

Поранешниот полски премиер, кон кого нетрпеливост има актуелната влада на полската конзервативна партија Правда и справедливост (PiS), тврди дека Трамп решително посакува да ја ослаби ЕУ, како и дека „веројатно е најтешкиот предизвик“ за блокот.

Туск, кој претходно во ноември на конгресот на Европската народна партија (EPP) во Загреб беше избран за челник на групацијата на европските десно-ценитристи и е обвинет дека ја свртува групацијата кон лево, набрзо го завршува својот петгодишен мандат како претседател на Европскиот совет. Него ќе го наследи Шарл Мишел, кој поднесе оставка на должноста белгиски премиер за да ја преземе новата функција.

И покрај сѐ поголемото оддалечување меѓу ЕУ и САД по различни прашања, од трговските до геополитичките, американскиот државен секретар Мајк Помпео се обиде да воспостави поблиски врски Унијата, во текот ан неговата псоета на БВРисел во септември.