Туск: Со договор со Грција и Бугарија станавте шампиони на политичката зрелост

26

Скопје е најдоброто можно место од каде би сакал да ги повикам лидерите на ЕУ: Сега вие завршете ја работата, затоа што Северна Македонија си го заврши своето, порача претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Владата.

Туск потсети дека лидерите се обврзале во октомври да донесат одлука и оти тој уште во јуни ги кажал неговите ставови дека земјава направила сѐ ушто се очекувало за почеток на преговорите.

– Вашата земја направи сѐ. Токму затоа и дојдов денеска. Сакам да биде кристално јасно дека не постои сомнеж во Брисел во врска со вашата политичка обврска кон владеењето на правото и борбата против корупција. Секако секој може во секое време и секаде да го оспори тоа особено кога станува збор за имплементацијата, но ние многу добро знаеме дека вашата влада е одлучна и постојна во ова, во врска со континуирањето на работата на СЈО – рече Туск.

Тој потсети на позитивните резултати од изминатиот период, посочувајќи ја мигрантската криза за која рече дека претставувала текст кој Македонија го поминала подобро од многу земји членки. Претседателот на Европскиот совет уште еднаш ги позрави надминувањето на политичката криза и договорите со Грција и Бугарија.

– Најдовте решение за политичката криза, решение засновано на принципи. Преку вашиот договор со Грција и Бугарија станавте шампиони на политичката зрелост. Ова достигнување е импресивно, меѓународно признато и не треба залудно да биде сфатено од страна на ЕУ – рече Туск.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.