Туск вели дека компромис со Лондон сé уште е можен

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека е убеден оти Европската унија и Обединетото Кралство сé уште можат да постигнат компромис околу излегувањето на оваа членка од Унијата.

„Разбирајќи ја логиката на преговорите, останувам убеден дека компромисот, добар за сите, сé уште е можен. Го велам тоа како близок пријател на Обединетото Кралство и вистински почитувач на (британската) премиерката (Тереза) Меј“, порача челникот на Европскиот совет, Доналд Туск во писмена изјава од петокот.

Изјавата на Туск следеше откако Меј претходно во петокот рече дека преговорите меѓу Лондон и Брисел влегле во ќорсокак и, откако челниците на ЕУ ја критикуваа нејзината понуда, ја повика Унијата да го изнесе својот предлог.

Меј прeтходно изјави дека во четвртокот на средбата во Салцббург со колегите од земјите членки на ЕУ, нејзините предлози биле „единствените сериозен и веродостоен“ начин да се избегна ткн тврда граница во Северна Ирск. Додаде дека со Туск имала „искрени“ разговори и потврдик оти Лондон е „загрижен и сака да знае во што се состои проблемот“.