Туск за инвазијата на Русија: Секоја отстапка ќе биде искористена против нас

Поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск се изјасни против каква било форма на отстапки кон Русија во обидот да се запре нејзиниот напад врз Украина.

-Секоја наша слабост, секоја наша отстапка ќе биде искористена против нас, рече Туск. – Колку се построги санкциите, толку е поголема нашата солидарност со Украина, толку е поголема шансата да се избегне најлошото сценарио, а тоа е војна на наша територија.

Говорејќи пред средбата на лидерите на земјите од ЕУ, претседателот на Европската народна партија рече дека европското „помирување“ со Русија во изминатата деценија е „можеби најголемата геополитичка грешка“.