Туск за крајот на јануари најави одлука за суспендирањето на партијата Фидеш

Новиот претседател Европската народна партија (EPP), Доналд Туск, изјави во четвртокот во Загреб дека на почетокот од следната година би можел да донесе одлука за унгарската владејчка конзервативна партија Фидеш, која беше суспендирана поради наводно кршење на демократските стандард.

Вистинската причина за суспендирањето на Фидеш беше кампањата против претседателот на Европската комисија сега во заминување, Жан-Клод Јункер, кој беше поистоветуван со американскиот неолиберален берзански шпекулант Џорџ Сорос, кои ги обвини за притисок за менување на етно-конфесионалната страктура во Европа. Европската комисија ги отфрли овие тврдења. Јункер на чело на ЕК дојде благодарејќи на Европската народна партија (ЕРР), која на претходните европски избори го избра за „шпиценкандидат“.

Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидеш исто така е членка на ЕРР, а некои членови на европските конзервативции бараа партијата да биде отстранета поради спорот околу постерите и кампањата. Но Фидеш е доминантна во Унгарија и јасно беше дека ќе освои голем број мандати на мајските избори за Европскиот парламент, па оттаму исклучувањето на партијата од EPP ќе ја ослабеше оваа сега најсилна претеничка група, која сепак загуби значителен број пратеници поради растот на крајната десница и суверенистите.

„Одлуката за тоа имам намера да ја донесан кон крајот на јануари“, изјави Туск во четвртокот на прес-конференцијата во Загреб.

Ја исклучи притоа можноста во EPP да влезе Лига, партијата на италијанскиот десничарски лидер Матео Салвини. „И мојата фантазија има граници“, рече Туск.

Конзервативниот европски блок го суспендираше Фидеш во март и основаше трочлена комисија чиј извештај се очекува до крајот на декември. Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој е лидер на Фидеш, често се разијдуваше изминатите речиси десет години со бирократите во Брисел, во прв ред поради одбивањето да ги прифати квотите за распоредување на мигрантите, а беше критикуван и за наводно настојување да ги коннтролира медиумите и судовите. Поради суспензијата, ЕPP не го покани Орбан на конгресот во Загреб.

На овој конгрес Туск во средата беше избран за нов претседател на европската партија на десниот центар, со што, се чини се прави свртување повеќе кон либералните тенденции и се напушта конзервативизмот.

Пред изборот Туск им објави „војна на популустите“ и јасно алудирајќи на Фидеш порача дека во EPP нема место за оние кои „граѓанските слободи, владеењето на правото и пристојното јавно однесување го жртвуваат на олтарот на безбедноста и редот“. Меѓутоа, во четвортокот го ублажи ставот велејќи дека „интелектуалните судири не се ништо невообичаено во EPP“.

„Тоа за мене е сложено прашање. Не можам да се согласам со некои политички одлуки на Орбан и со новите идеи, но истовремено сме блиски пријатели и имаме многу нешта заедничко“, рече Туск, кому кон крајот на ноември му истекува мандатот претседател на Европскиот совет.

Основан во 1976 година, сојузот на европските конзервативни и партии од десниот центар во моментов обединува 84 политички субјекти од 43 земји. Со освоените 182 од 751 мандат, EPP е најголемата политичка групација во Европскиот парламент, и заедно со социјалистите, либералите и зелените го прават мнозинскиот проевропски сојуз против евроскептичните и суверенистички партии.