Тутунска Банка го презеде имотот на А1 телевизија

Стечајната постапка во некогашната водечка телевизија почна на 26 јули

Постапката за примопредавање на имотот на некогашната А1 Телевизија почна денеска со што целиот имот на телевизијата од рацете на стечајниот управник ќе премине во соптвеност на НЛБ Тутунска Банка, објави Фактор.мк.

Порталот пишува дека тимови составени од преставници на банката, извршители, проценители, геометри, претставници на стечајниот управник заедно со полициска логистика го започнаа процесот на предавање, односно преземање на движен и недвижен имот на оваа некогашна телевизија.

“Станува забор за преземање на имот по основ на кредитен долг. Банката треба да наплати 1,6 милиони евра. Постапката практично значи дека имотот од рацете на стечајниот управник оди кај НЛБ Тутунска Банка. Според првичните сознанија, вклучени се објектите, дворното место, како и движниот имот во телевизијата,“ велат за “Фактор“ извори што се инволвирани во постапката.

Стечајната постапка во некогашната водечка телевизија почна на 26 јули, а на почетокот на 2012 та година стечајниот управник Ацо Петров предложи ликвидација на фирмата. Во текот на постапката Петров призна 60 отсто од побарувањата на доверителите во вредност од 23 милиони евра.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.