Тутунскиот Бос Младен Чадиковски

Крај на колумната

Кога го читате погоре текстот за активностите на Претседателот на ЗНМ-Младен Чадиковски и неговите другари кукавици (дел од раководството на ЗНМ) од делови на новинарството, на нас кои разбираме што е најстрога забрана за рекламирање во било каков облик на ЦИГАРИ и било каков производ од ТУТУН, не ни останува ниту една друга опција од дилемата: Дали да плачеме или да се смееме?

Впрочем ние се сега се наоѓаме во Зоната на Самракот. Знаете како е тоа. Пред многу  години кога дружев со Садам Хусеин, ми се јавува и ми вели: Друже Виктор, сакам да дојдам во Македонија и да го пронајдам Кинг Конг-кралот на мајмуните, велат се крие во Прилеп. Бато Садам, за тебе нема проблем. И така Садам Хусеин доаѓа, идеме фино лепо у Прилеп и го глеаме првиот граѓанин на градот херој. Претседателот Хусеин културен човек го поздравува и пружа рака да се запознаат. Садам, се претставува. Одговор: Нит го садам нит го ебаам, не плачаат.

Да, да драги мои. Ама не е Младен Чадиковски крив. Најкриви се дефинитивно сите лидери на политички партии. Без исклучок.

И затоа нешто многу лично до сите лидери на политички партии.

Дали сте свесни колку години наназад не’ врати од нормални преговори со Европската Унија, големиот Младен Чадиковски со меморандумот за соработка со Империјал Тобако. Минимум 30 години. Со тоа што молчите во стилот на ОЧИ ШИРОКО ЗАТВОРЕНИ, не Ве амнестира. Нема овде ама ние не сме упатени. Имате пратеници, министри, директори, градоначалници итн. Вие диктирате темпо, а не новиот Тутунски Бос. Затоа морам да Ви објаснам во два чекора:

  1. Рекламирање на цигари е најстрого забрането
  2. Спонзорирани новинарски истражувачки стории за режан тутун од Империјал тобако е класична корупција и се започнува со Предистражни Мерки (ПИ Мерки) од страна на обвинителство

Драги лидери не сум завршил со Вас. Жално е да во оваа држава се бориш за правила и правни мерки. Едноставно се’ е поголемо чувството дека сте не оставиле на цедило. Ова не е политички семинар на кој Ви велат, прва лекција во политиката е дека нема расправање со новинари.

Дека секој е попустлив кон новинарите тоа е факт. Сите ги гледаат или зборат за нив со пиетет и симпатии. Ама се’ има граница. Мора еднаш да се каже СТОП на неправилности. Новинарите не се над другите. И тоа мора да го запамтат. А, како тргнале да се однесуваат се’ понеодговорно, од позиција на сила и како најголеми оговарачи без аргументи од типот: „Ка стринке на Чешму“, ги предизвикуваат другите групи на граѓани да бидат многу безобразни кон  нив.

Впрочем, како да разубедиш човек со кој соработуваме во делот на стопирање на целата пиратерија во Македонија поточно да може да се гледаат ТВ содржини на легален начин, а под еднакви пазарни услови без разлика дали станува збор за голем телекомоникациски оператор или за во овој момент нелегален препродавач, дека Младен Чадиковски (нагалено Тутунски Бос) не е човекот со кој може да се разговара за решавање на нелегални дејанија. Едноставно е нерелевантен.

Во најнормална држава, после потпишаниот меморандум за соработка помеѓу ЗНМ и Империјал Тобако ТКС, Младен Чадиковски добива отказ од работното место во ТВ 24Вести и ја напушта функцијата претседател на ЗНМ. Еве што всушност мора да работи Младен Чадиковски.

П.С. Во Македонија на лидерите на политички партии неможе да им се објасни една и едноставна работа. Сите медиумски работници живеат со следнава девиза: САКАМ ДА ЖИВЕАМ, А НЕ ДА ПАТАМ.

П.С.2. Дали се сеќавате на Слаѓана Вујошевиќ-Џаџе. Моментно една од најталентираните млади актери. Позната по „Светот на Биби“. Во моментов В.Д. директорката на Турскиот Театар вели за нејзе дека „срцето и плаче“ дека има македонска „Џаџе“ во овој театар. Е, овој човечки кадар на Енес Ибрахим мора одма да се однесе кај Реџеп Таип Ердоган. Да објасни што има против македонката „Џаџе“, која привршува или е со завршени докторски студии на Истанбулскиот Универзитет, а богами и против другите вработени Турци кои и’ се противат. Техниката отиде далеку сестро В.Д. Директорка на НУ Турски Театар-Скопје. Турскиот народ ги смета за свои браќа и сестри припадниците на македонскиот народ и обратно тоа важи за Македонците кон припадниците на турскиот народ. Така да за тебе нема друг збор. Не арам да ти е. Туку, пу јазк на тебе лично.

Средина на колумната

Да размислува нормално раководството на ЗНМ по однос на рекламирање и носење финансиски дополнителни средства во медиумите тогаш истите би барале да се спроведе барањето за рекламирање на жестоки алкохолни пијалоци.

Ваквиот тип на рекламирање е раширен во многу држави-членки и држави-аспиранти на Европската Унија. За да можеш да рекламираш жестоки алкохолни пијалоци има повеќе правила. Јас ќе кажам 3 од 12 како би требале да изгледаат огласувачките пораки. Алкохолни пијалоци несмеат:

  1. Да наведуваат, ниту да асоцираат насилно, агресивно или друго противдруштвено однесување.
  2. Да наведуваат дека употребата се поврзува со храброст, ниту пак дека допринесува за сексуална успешност
  3. Да прикажува трудници, ниту пак да го поврзува мајчинството со употреба на алкохол

И едно дополнително во врска со Спонзорство. Алкохолните пијалоци кои содржат над 20%, неможат да бидат спонзори на медиуми, ниту пак на било каков мотив врзан со спорт, спортски настани и активни спортисти.

Вообичаено е да се прават одредени правила за рекламирање на алкохолни пијалоци. Во Македонија најсоодветно би било да се спроведат следниве две правила:

  • За алкохолни пијалоци до 22% може да се рекламираат од 17 до 05 часот
  • За алкохолни пијалоци над 22% може да се рекламираат од 22 до 05 часот

За жал морам да се дообјаснувам со новиот Тутунски Бос Младен Чадиковски со практични примери како несмее да се рекламира алкохолен пијалок кој не е во рамките на пиво и вино.

Вака е најстрого забрането. Малку црн хумор.

Пример 1. Со ракиите на Тиквеш, можеш од МРТВ да рипнеш.

Пример 2. Ако пиеш Маца (Мастика по скопски) има да бидеш вечно млад. Среќна Нова Година Ви посакуваат Грозд Струмица и АД Бутел – Скопје.

Значи да му напоменам уште еднаш на Младен и ЗНМ. ОВА СЕ ШЕГИ.

Ама за жал драги мои читатели. Читајте на крајот од колумната.

Почеток на колумната.

Почитувани,

Оваа колумна ја пишувам крајно разочаран. Како да ме удрила дупла двојка и тоа пред пазарче у Џорче. Па, возможно ли е вака неодговорно да се однесуваат личности со кои јавноста се поистоветува. Да бидам јасен.

Младен Чадиковски како претседател на ЗНМ потпиша меморандум за соработка со Империјал Тобако ТКС за новинарски стории на тема: „Нелегална трговија на режан тутун во РМ“, а можност за пријавување ќе имаат новинари од традиционалните  и онлајн медиумите.

Каков ли пристап. Другарите од комбинатов на Тутунскиов Бос у најава Младен Чадиковски ја даваат следнава официјална изјава превземена од мкд.мк:

Од Империал тобако ТКС потенцираат дека новинарите и медиумите се вистинскиот партнер за еден ваков проект, поради тоа што ја имаат моќта да влијаат на јавната свест за решавање на овој сериозен и сложен проблем, кој бара итно решение.

Па, се сликале претставниците на ЗНМ и Империјал Тобако ТКС мислиш ја решаваат судбината на Украина. Всушност двајцава не разбираат што направиле. Има врема да дознаат. Со среќа нека им е.

Единствени институции кои можат и мораат да даваат информации за било каков нелегален бизнис на посебно забранет стоков производ за рекламирање читајте во продолжение.

Кога сме кај новинарскиве стории што би ги финансирале новопечените другари да кажам одма дека сега одма ги освојувам сите награди и тоа со следново истражувачко новинарство:

  1. Голема Заплена на режан Тутун. Продолжува успешната соработка меѓу Царинската управа, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарен инспекторат. Извор: Царинска Управа. Датум 17.09.2021 година
  2. За режан тутун односно тутун фино сецкан тарифата е 24031990, давачки 60% царина, 18% ДДВ и 1800 денари плус. За разлика од ова тутун кој е за шмркање и тутун за жвакање акцизата е 0 %.
  3. Тутунски империи бараат многу начини за рекламирање на своите производи. Вообичаено преку филмски продукти.

Колку жално на кое ниво падна ЗНМ. Едноставно ЗНМ повеќе не е институција туку збирштина на фрустрации. Ништо повеќе од една обична спрдачинакоја сака само две работи. Пари и Политика. На крајот од краиштата ЗНМ нека бидат и понатаму глупави и класични кукавици.

За разлика од нив. Би сакал во продолжение на колумнава да објаснам неколку медиумски работи.

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес