ТВ 21: Ел Чека и Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за разузнавање се комшии во Туин

Телевизијата 21 во репоража снимена во кичевско Туин, родното место на Ел Чека, бомбашот од Чикаго кој неколку недели објавува бомби за Али Ахмети и високи членови на ДУИ тврди дека тој бил соселанец со новиот директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу.

Предходно, како што се споменуваше неофицијално беше објавен и фактот дека Ел Чека се појавил со бомбите откако ДУИ реагираше на назначуваето на Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање од страна на новиот претседател Стево Пендаровски.