ТВ Нова секој ден ќе одржува едночасовен протест

Протестите ќе се одржуваат како реакција на барањето на СЈО за притвор на сопственикот на телевизијата Сеад Кочан со што, како што велат од телевизијата, неосновано се врши притисок за замолчување на медиумот.

Покрај вработените во ТВ Нова, на протестот присуствуваат и вработените од градежната компанија „Трансмет“, припадници на бошњачката заедница, како и граѓани кои на телевизијата и изразуваат поддршка.